Кремљ денеска објави дека Украина мора да ги деминира приодите до нејзините пристаништа со цел руската армија да пушти бродови за извоз на жито.
Русија тврди дека санкциите на Западот и Киев се виновни за послабата испорака на жито.
– Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Украина мора да ги деминира приодите до нејзините пристаништа – изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека тоа ќе им овозможи на бродовите, откако ќе бидат проверени од армијата, да влезат во пристаништата, да натоварат жито и да пловат во меѓународните води со руска помош.

