Кремљ: Сè уште нема конкретни планови, но Путин и Бајден можат да се сретнат во секое време

Сподели со своите пријатели

Кремљ во понеделникот соопшти дека претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, можат да се сретнат или да разговараат телефонски во секое време, но дека сѐ уште нема конкретни планови за нивна средба.

Loading...

Тензиите во источна Украина се зголемуваат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, но додаде дека дипломатските контакти сѐ уште се активни.

Тој рече дека Путин наскоро ќе се обрати пред рускиот Совет за безбедност на посебна седница.

 

Бајден и Путин се согласија на самит за Украина на предлог на Макрон

 

Песков зборуваше откако францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Путин и Бајден начелно се договориле за средба на тема украинска криза.

САД и нивните западни сојузници со денови предупредуваат дека Русија ќе ја нападне Украина, што Москва го отфрла.

Loading...

Песков, исто така, рече дека написите во американските медиуми за рускиот список на Украинци кои сакаат да приведуваат и убиваат по инвазијата се „апсолутна лага“.

Тој го опиша предупредувањето на американската амбасада до Американците во Русија да се подготват да ја напуштат земјата како „многу необично“.

Амбасадата во неделата предупреди на закани од напади врз трговски центри, железнички и метро станици, вклучително и во Москва, Санкт Петербург и градови во близина на украинско-руската граница.