КРЕМЉ: Русија започна операција чија цел е чистење на Украина од нацистите

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот изјави дека Русија започнала воена операција во Украина за да ја исчисти земјата од нацистите.

Loading...

– Идеално, неопходно е да се ослободи Украина, да се исчисти од нацисти, како и од пронацистички луѓе и идеологија – рече Песков.

Да потсетиме, претседателот на Русија, Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија соопшти дека донел одлука да започне специјална воена операција во Донбас.

Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина. Путин ги предупреди и сите оние кои евентуално би можеле да се мешаат во ситуацијата во Украина.

– Сега неколку многу важни зборови за оние кои би можеле да бидат во искушение да се мешаат во настаните што се случуваат: кој ќе се обиде да нѐ попречи, згора на тоа, да создаде закани за нашата земја и народ, треба да знае дека одговорот на Русија ќе биде веднаш и дека ќе ве доведе до такви последици со кои никогаш не сте се соочиле во вашата историја – истакна Путин.