Кремљ реагираше на „мировниот план на Трамп за Украина“

Сподели со своите пријатели

Кремљ соопшти дека секој мировен план за Украина, кој Белата куќа ќе го предложи доколку Доналд Трамп биде реизбран за претседател на САД, мора да ја одрази ситуацијата на теренот.

Loading...

Двајца советници на Трамп му презентираа план за ставање крај на војната во Украина, кој вклучува порака до Киев дека ќе добие ново оружје од САД само доколку влезе во преговори.

– Вредноста на секој план е во нијансите и земајќи ја предвид реалната состојба на теренот. Не знаеме за каков план станува збор и неговата содржина, изјави за Ројтерс портпаролот на Кремљ Димитриј Песков.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин постојано изјавува дека Москва е отворена за преговори.

– Остануваме отворени за преговори, но за да го оцениме планот, прво мора да се запознаеме со него, рече Песков, наведувајќи дека Западот и Украина не ги прифатиле мировните предлози на  Путин.