Кремљ реагира на потегот на Финска: „Ова дефинитивно е закана за Русија“

Сподели со своите пријатели

Кремљ соопшти дека ја смета одлуката на Финска да се приклучи на НАТО за „закана за Русија“ и дека проширувањето на одбранбената алијанса „нема да ја зголеми безбедноста и стабилноста на Европа, исто како и остатокот од светот“.

Loading...

Финска денеска одлучи да аплицира за членство во НАТО, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека влезот на Финска во НАТО ќе оди брзо.

 

Грузискиот одметнат регион сака да се приклучи на Русија: „Чекаме сигнал од Москва“

 

Кремљ вели дека Русија е „подготвена да одговори одлучно на секоја страна која ќе се обиде да се вклучи во конфликтот во Украина и да ја попречи специјалната воена операција“, како што официјална Москва ја нарекува инвазијата на Украина.

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека „сите сакаат да избегнат директен конфликт меѓу НАТО и Русија“.

Тој додаде дека денешниот потег на Финска е „за жалење“ и „дефинитивно закана за Русија“ и „причина за симетричен одговор“, пренесува Индекс.

Loading...