Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска демантираше дека рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот милијардер Илон Маск пред тој на социјалните мрежи да го објави својот предлог за решение во врска со војната во Украина.
Песков изјави дека Путин и Маск имале телефонски разговор пред година и пол.
На 3 октомври, Маск на Твитер го објави своето решение за постигнување мир во Украина, или со тоа што земјата ќе биде неутрална или со одржување референдуми во четири украински региони кои ќе бидат надгледувани од ОН.
Иан Бремер, основач на Групацијата Евроазија, меѓународна истражувачка и консултантска фирма, во вторникот рече дека Маск разговарал за решението за Украина со Путин неколку недели пред тој да го објави планот за порамнување на Твитер.
Бремер рече дека Маск изјавил дека Путин е подготвен за преговори само под услов Крим да остане дел од Русија, како и четирите региони кои гласале за анексија на референдуми, пренесува Танјуг.
Маск го негираше ова и рече дека разговарал со Путин пред 18 месеци.