Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска соопшти дека ситуацијата на Блискиот Исток се движи во алармантна насока и ги повика сите страни на воздржаност.
Песков изјави за новинарите дека Русија има контакти со сите страни во конфликтот и ја осуди секоја акција што предизвикува цивилни жртви.
Иранската револуционерна гарда синоќа објави дека лансирала повеќе од 100 ракети кон Израел како одговор на неодамнешните убиства на политичкиот водач на Хамас Исмаил Ханије, лидерот на Хезболах Хасан Насрала и заменик-оперативниот командант на иранската Револуционерна гарда Абас Нилфорушан, објави Ројтерс.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави, по иранскиот ракетен напад, дека Иран направил „голема грешка вечерва и ќе плати за тоа“.