Официјалниот распоред на рускиот претседател Владимир Путин нема да биде ревидиран по информациите дека САД планираат да испратат милитанти во Русија, а безбедноста на шефот на државата е обезбедена, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На прес-конференцијата Песков рече дека безбедноста на Путин и на сите лица кои имаат право на државна заштита е на соодветно ниво, земајќи ги предвид сите ризици и опасности, пренесе ТАС С.
Прес-службата на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) претходно денеска соопшти дека САД регрутираат борци на џихадисти за извршување терористички напади на територијата на Русија и земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД).
Прес-службата за ТАС С изјави дека, според веродостојните информации добиени од руската служба за надворешно разузнавање, американската војска активно регрутира борци од џихадистички групи поврзани со Исламската држава (ИД) и Ал Каеда, забранети во Русија за извршување терористички напади во Русија и земјите од ЗНД.
Во јануари годинава беа избрани 60 такви терористи со искуство во борбени операции на Блискиот исток и тие минуваат низ забрзана обука во американската база Ал Танф во Сирија, каде учат како да прават и користат импровизирани експлозивни направи, како и техники на субверзивни активности, рече таа.
Според извештаите, посебно внимание се посветува на планирање напади врз добро чувани објекти, вклучително и странски дипломатски претставништва.
СВР истакна дека во блиска иднина се планира распоредување милитанти во помали групи на територијата на Русија и земјите од ЗНД и дека тие ќе имаат задача да планираат и изведуваат терористички напади врз дипломати, државни службеници, агенти за спроведување на законот и војници .
САД ќе ги спроведат овие планови во соработка со тајните ќелии на меѓународни терористички групи, како што се Хизб ут-Тахрир, Џамаат Ансарулах и Исламското движење на Узбекистан, кое е забрането во Русија.
СВР, исто така, извести дека посебно внимание е посветено на регрутирањето на староседелците од рускиот Северен Кавказ и Централна Азија и посочи дека сето тоа покажува целосно губење на моралните принципи во американските безбедносни служби, што, како што се вели, ги става на на исто ниво со главните меѓународни терористички групи.