Кремљ објави кога ќе се случи телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп

Сподели со своите пријатели

Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, утрово за време на разговор со новинарите изјави кога се очекува телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп денес.

Loading...

„Телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, е закажан за 17 часот по московско време (16 часот македонско), јави ТАСС.

„Секако, разговорот е важен, имајќи ги предвид разговорите одржани во Истанбул“, рече Песков, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека јавноста ќе биде информирана за деталите по разговорите.

Да ве потсетиме дека пред денешните разговори со Путин, Трамп вчера разговараше по телефон со лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Италија во обид да се стави крај на конфликтот во Украина, објави британската влада.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Уништени 35 украински дронови