Кремљ негира дека руската армија го напаѓа Азовстал

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска негираше дека руските сили извршиле напад врз фабриката за челик Азовстал, последното упориште на украинските сили во пристаништето Мариупол, во југоисточна Украина.

Loading...

„Наредбата беше јавно издадена (21 април) од страна на врховниот командант (Владимир Путин) да се откаже секој напад. Во моментов нема напади“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

 

Песков: Западот ќе плати висока цена за антируските санкции, Кремљ подготвува одговор

 

Тој рече дека руските сили кои го опколиле челичниот комплекс интервенирале само за „многу брзо да ги спречат обидите“ на украинските борци да стигнат до борбени позиции од кои би можеле да пукаат.

Украинските сили вчера објавија дека руските сили „спроведуваат силен напад“ врз комплексот Азовстал, со тенкови и пешадија.

Руското Министерство за одбрана вчера објави дека се изведуваат авионски и артилериски напади со цел да се „уништат“ украинските „борбени позиции“.

Loading...

 

Молдавија се подготвува за можни вонредни состојби

 

Русија, која од 24 февруари води воена офанзива против Украина, контролира голем дел од Мариупол. По неколкунеделна опсада, градот е во голема мера уништен.

Сепак, последните украински борци од градот пружаат отпор и имаат упориште во голем комплекс подземни тунели во близина на фабриката за челик Азовстал, кој е тешко да се зароби или уништи со бомбардирање.

Според Киев, во Азовстал се уште има цивили. Обединетите нации вчера соопштија дека оттаму се евакуирани околу стотина цивили.

 

Песков: Западот ќе плати висока цена за антируските санкции, Кремљ подготвува одговор

Loading...

 

На 21 април, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека градот Мариупол е освоен, а потоа процени дека нападот на Азовстал ќе ги чини премногу животите на руските војници и наместо тоа нареди зоната да биде под опсада.

Украинските сили сè уште таму одбија да се предадат.