Изјавите дека украинските војници се концентрираат на границата со Белорусија се причина за загриженоста на Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Белорусија е сојузна држава. Имаме специфични формати на дијалог во сите релевантни сектори, вклучувајќи ги и специјалните служби. А нашите министерства за одбрана се во постојан контакт како партнери. Затоа, тоа се причини за загриженост не само за Минск, туку и за Москва, бидејќи ние сме вистински сојузници и партнери“, изјави Песков за новинарите.
Одговарајќи на прашање за можни контакти на оваа тема меѓу претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, портпаролот истакна дека лидерите на земјите можат да го сторат тоа, доколку сметаат дека е потребно.
Претходно, началникот на Генералштабот на вооружените сили и прв заменик министер за одбрана на Белорусија Павел Муравејко изјави дека ситуацијата на границата со Украина е тешка, дека се менува секој ден, а не на подобро, пренесува Спутник.