Кремљ: Мировните преговори допрва треба да постигнат напредок

Сподели со своите пријатели

Официјален Кремљ денеска објави дека мировните преговори меѓу Москва и Киев допрва треба да донесат поголем напредок и ги повика земјите кои можат да влијаат на Украина да го искористат своето влијание за да го направат Киев поконструктивен во преговорите.

Обраќајќи им се на новинарите преку конференциска врска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека допрва треба да се постигне значителен напредок во разговорите за да се има основа за можна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски, пренесува Ројтерс.

 

За денеска се договорени осум коридори, но не и од опколениот Мариупол

 

Нафтено ембарго тешко би ја погодило ЕУ, за разлика од САД

Официјална Москва денеска предупреди дека Европа ќе биде сериозно погодена во случај на ембарго на руската нафта, бидејќи тоа би го нарушило енергетскиот биланс на континентот, додека таквата одлука нема ефект врз САД.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека прашањето за каква било забрана за увоз на руска нафта е многу сложена тема, пренесува Ројтерс.

 

Британците објавија нови податоци: Тешките борби продолжуваат северно од Киев

 

Некои министри за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија се за воведување ембарго на нафта како дел од дополнителните санкции против Русија, со цел да се казни Москва за настаните во Украина, додава британската агенција.

Информациите дека ЕУ размислува да се приклучи на американското ембарго за увоз на руска нафта, денеска го поттикна растот на цените на „црното злато“ за повеќе од 3,0 отсто.