Пред четири години, руската државна телевизија започна со нова емисија. Нејзината цел? Зајакнување на брендот на Владимир Путин и ширење пропаганда …
Ех.. сега. Вакви емисии има и на запад. Не е ни чудо што политичарите ги користат медиумите за да ја протуркаат нивната агенда.
Но, никој не отишол толку далеку како Путин.
Како што пишува Дејли Стар, гостин во првата епизода на емисијата „Кремљ, Москва, Путин“ бил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Новинарите се интересираа како Путин ги поминува одморите, а овој имаше подготвен одговор…
– Регионот на Сибир каде што живее нашиот претседател е навистина опасен и див. Сè е полно со мечки и други диви животни. Секако, покрај претседателот има и вооружени стражари. За секој случај. Затоа што не му требаат тие чувари. Мечките не се идиоти, знаат дека не смеат да се однесуваат недолично пред Путин и му се тргаат од патот – рече Песков и остана жив…
Во продолжение на таа епизода, која повторно стана вирална по руската инвазија на Украина, новинарите зборуваа за бескрајната љубов на Владимир Путин кон луѓето.
– Тој не сака само деца. Ги сака сите луѓе – рече на крајот Песков.