Кремљ во понеделникот ја обвини Европската унија за непријателско однесување кон Русија, велејќи дека снабдувањето со оружје за Украина е опасно и дестабилизирачко и докажа дека Русија е во право во своите намери да ја демилитаризира Украина, објави Ројтерс.
Западот го засили снабдувањето со оружје за Украина за да помогне во одбраната од руската инвазија, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“ чија цел е заштита на цивилите.
Според Ројтерс, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одбил да го коментира бројот на жртви што ги претрпеле руските сили и не сакал да зборува за инструкциите на претседателот Владимир Путин да ги стави руските сили за нуклеарно одвраќање во „состојба на висока готовност“.
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку 352 цивили, меѓу кои 14 деца, се убиени во Украина од почетокот на инвазијата. Украинските власти ги обвинија руските сили дека гаѓаат цивилна инфраструктура, вклучувајќи станбени згради и училишта.