Кремљ ја обвини Украина за тероризам

Сподели со своите пријатели

Утрово, еден ден по убиството на рускиот генерал Игор Кирилов, Кремљ го обвини Киев за употреба на терористички методи.

Loading...

„Очигледно е кој стои зад овој терористички чин, тоа уште еднаш покажува дека режимот во Киев не бега од терористичките методи“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Руското претседателство реагираше повеќе од 24 часа по нападот, за кој Украина ја презеде одговорноста.

Руските истражители утринава соопштија дека полицијата уапсила државјанин на Узбекистан поради вмешаност во убиството на руски генерал, а дека осомничениот потврдил дека бил регрутиран од украинската специјална служба.

Генералот Игор Кирилов (54) е највисокиот руски воен функционер убиен во Москва од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Туск ја потврди својата поддршка за Украина, но предупреди за ограничувањата на Полска

Тој беше убиен вчера, заедно со неговиот помошник, во експлозија предизвикана од активирање на уред поставен на скутер, недалеку од влезот во станбена зграда на авенијата Рјазанскаја во Москва.