Кремљ ги повикува Русите да се „обединат“ околу Путин

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска ги повика Русите да се обединат околу претседателот Владимир Путин.

Повикот доаѓа повеќе од една недела по започнувањето на инвазијата на Украина.

– Сега не е време за поделби – изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите, одговарајќи на прашање за барањата на јавните личности за прекин на војната.

– Сега е време да се обединиме, да се обединиме околу нашиот претседател – рече Песков.