Кремљ ги демантира медиумите: Сопругата на Асад не поднела барање за развод

Сподели со своите пријатели

Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, родена во Британија, не поднела барање за развод, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Турските медиуми објавија дека Асма ал Асад наводно сака да се разведе и да ја напушти Русија, каде што таа и нејзиниот сопруг добија азил откако сириските бунтовници го соборија Башар ал Асад и ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск и речиси целата земја.

„Овие наводи немаат никаква врска со реалноста“, изјави Песков, пренесува денеска Би-Би-Си.

Тој негираше дека движењето на Асад во Москва е ограничено и дека неговиот имот е замрзнат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија во страв од враќањето на Асма ал Асад, се бара забрана за влез

Русија е верен сојузник на Сирија, обезбедувајќи воздушна поддршка за време на нејзините години на граѓанска војна.

Според турските медиуми, Асадите живеат контролиран живот во Москва, а наводно поранешната прва дама на Сирија поднела барање за развод и сака да се врати во Лондон.

Иако има двојно државјанство, сириско и британско, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Леми рече дека на Асма ал Асад нема да ѝ биде дозволено да се врати во земјата.

Тој додаде дека ќе направи „се што е во негова моќ“ за да се погрижи ниту еден член од семејството Асад да не стапне во Велика Британија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски го обвини словачкиот премиер Фицо дека сака да му помогне на Путин

Поранешниот претседател на Сирија Башар ал Асад во својата прва порака по соборувањето изјави дека никогаш немал намера да избега од земјата, туку дека е префрлен од руската база по барање на Москва.