Кремљ: Ако Финска ни се закани, ќе преземеме соодветни мерки

Сподели со своите пријатели

Кремљ денес соопшти дека намерата на Финска да прифати распоредување атомско оружје на нејзина територија предизвикува зголемување на тензиите во Европа и претставува потенцијална закана за Русија, на која Москва би можела да одговори.

Финска во четврток објави дека има намера да ја укине забраната за присуство на нуклеарно оружје на нејзина територија, според Ројтерс.

Со распоредување атомско оружје на своја територија, Финска почнува да ни се заканува. Доколку Финска ни се закани, ќе преземеме соодветни мерки, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ: Војната во Иран ја зголеми побарувачката за руска енергија