Поголема количина производи изнеле крадци од магацински простор на компанија во Куманово. Што точно било украдено и од која компанија засега нема информација од полицијата.
Loading...
– На 13.06.2021 во 09.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во магацински простор на улица „Индустриска“ во Куманово била извршена кражба, при што била одземена поголема количина на производи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Екипа на СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски