Кражба во деловен објект во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Деловен објект во центарот на Куманово ноќва бил мета на крадци, а случајот бил пријавен во полиција утринава.

– На 16.02.2022 година во 07.54 во СВР Куманово, И.Ј. пријавил дека во деловен објект на улица „Ленинова“ во Куманово било влезено со употреба на сила и биле одземени повеќе предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски