Вчера околу 12.00 часот било пријавено дека во Кратово на улица „Св. Ѓорѓи Кратовски“, Л.Д.(57) од Кратово вработен во фирма во Кратово додека извршувал работни задачи во цистерна, паднал и починал, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Куманово телото е предадено за обдукција.