Кратовчанец почина на скопските клиники каде бил донесен под дејство на наркотици

Сподели со своите пријатели

Рано утринава околу 02.54 часот од медицинско лице од Комплекс клиники „Мајка Тереза“, пријавено е дека починал М.Ј.(26) од Кратово, кој со возило на Итна медицинска помош Куманово бил донесен на клиниката на 25.12.2017 година околу 22.15 часот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеник извршен е разговор со докторот кој го примил лицето, во бесознание и бил под дејство на наркотични средства, по што во 02.50 часот починал.

Во консултација со Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција.