Кратер од експлозија пред станбена зграда во Киев (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Новинарката на Гардијан, Ема Греам-Харисон на Твитер објави фотографија од кратерот пред станбена зграда во Киев.

Украинската престолнина во текот на ноќта беше бомбардирана со ракети и проектили.

„Ова е кратер направен од експлозија пред станбена зграда во Киев. Локалните жители велат дека во близина нема воени цели. Во близина има градинка и канцеларија за даночна управа, а искршени им се прозорците“, напиша новинарката.