Дан Билзериан живее живот на кој многумина му завидуваат. Сепак, во скорешно интервју овој маж признава дека има таков начин на живот кој доаѓа со висока цена. Дан потврдил дека целодновното конзумирање огромни количини на дрога и алкохол никако не се добри за здравјето, признавајќи дека два пати за малку ќе умрел.
Во емисијата на Грејем Бенсингер, Дан открива дека во една прилика, по четири дена оргијање, конзумирање алкохол и дрогирање, бил одвезен во болница во критична состојба.
Во тоа време имал 25 години, а неговото одење на скијање без објаснување се завршило во Лас Вегас. За четири дена земал шест пати повеќе од препорачаната доза вијагра, внел во организмот голема количина кокаин, а сето тоа го крунисал и со алкохол.
Првин што почувствувал била болка во рамото, која одлучил да ја отстрани со склекови. Меѓутоа, болката не само што не ослабнала, туку станувала се посилна, а Дан се потешко дишел, па сфатил дека можеби е време сам да се одвезе во болница. Таму лекар му дијагностицирал срцев удар и му го спасил животот, а веќе следниот ден Дан бил превезен таму со нов удар, кој исто така успеал да го преживее.
Loading...