Кралот Чарлс стана самоански висок поглавар, му служеја наркотична кава-кава

Сподели со своите пријатели

Британскиот крал Чарлс Трети, кој е во посета на Самоа со сопругата Камила, учествуваше во традиционалното пиење на наркотичниот пијалок кава-кава за време на церемонијата на пречекот, а беше прогласен и за „висок поглавар“ на тој остров во Пацификот.

Loading...

На кралот му бил послужен полиран полукокос наполнет со благо наркотична кава-кава, што е вид пиво, објави Гардијан.

Овој благо опоен пијалок е важен дел од културата на Пацификот и локално е познат како „ава“, а поранешен вицепремиер на Австралија бил хоспитализиран откако случајно испил премногу од локалното пиво на слична церемонија во Микронезија во 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Доналд Трамп влезе во војна со новиот британски премиер поради објава на LinkedIn?

„Господ да ја благослови оваа ава“, рекол Чарлс пред да ја проба напивката.

Ова е негова прва посета на островската држава на Тихиот Океан, која некогаш била британска колонија.

Кралската двојка подоцна го посети селото Моата, каде Чарлс стана „tui taumeasina“ или „висок поглавар“.

Кралот Чарлс е во Самоа и на состанокот на шефовите на влади на Комонвелтот, кој се одржува во Апија, каде што ќе се избере нов генерален секретар номиниран од африканска земја, во согласност со регионалните ротации на позициите, а климатските промени ќе бидат тема на разговор за време на посетата.

Британскиот монарх е на 11-дневна турнеја низ Австралија и Самоа, независните држави каде што останува шеф на државата, што е негово прво големо патување во странство откако претходно оваа година му беше дијагностициран рак.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турција гаѓаше цели на ПКК во северен Ирак и Сирија по терористичкиот напад во Анкара