Кралицата Елизабета Втора (94) се врати на функцијата, потврдувајќи дека ќе присуствува на два онлајн настани, потврдија од Бакингемската палата.
Откако доби позитивен резултат од тестот за Ковид, кралицата откажа многу настани минатата недела.
Во вторникот таа разговараше од Виндзор со амбасадорите на Андора и Чад.
Од палатата велат дека кралицата ќе учествува и во некои приватни ангажмани.
Иако претставниците на Бакингемската палата не даваат „чести коментари“ за здравјето на кралицата, изворите сугерираат дека нејзиното враќање на должност е потврда дека таа закрепнала од ковид.
Кралицата добила позитивен тест на 20 февруари, а потоа ги откажала настаните поради симптоми.
Во соопштението за објавување на позитивниот тест, Бакингемската палата наведе дека кралицата доживува „благи симптоми, слични на настинка“.
Се претпоставува дека голем број луѓе биле позитивни во замокот Виндзор, каде живее кралицата.
Иако не можеше да присуствува на онлајн настаните, кралицата продолжи да ги извршува „полесните обврски“.