Кралското семејство, предводено од кралицата Елизабета Втора, на голема аукција избра понудувачи на кои ќе им отстапи правата на десетгодишна употреба на копно и крајбрежје за изградба на шест ветерници за 12 милијарди долари.
Иако кралицата е сопственик на земјата, таа не може да ја продаде, туку со неа управува независно тело.
Годишната добивка на круната се предава на Министерството за финансии, па 25% се враќаат на кралското семејство, иако овој закон треба да се промени наскоро.
Во име на депозити, кралското семејство ќе добие 1,2 милијарди долари, а тоа се депозити за развој на ветерни електрани, а истата сума ќе ја добиваат секоја година во следните десет години како закуп.
Се чини дека токму кралицата Елизабета ќе стане најголемата добитничка на последниот тренд поради кој нафтените компании преминуваат на развој на обновливи извори на енергија.
Се проценува дека енергијата добиена на овој начин ќе може да снабди седум милиони домови и ќе го намали загадувањето на јаглерод диоксид на нула до 2050 година.