Британската кралица Елизабета Втора наводно ќе плати дел од сметката за тужбата на нејзиниот син принцот Ендрју за сексуална злоупотреба. Тужбата би можела на крајот да чини неверојатни 14,3 милиони евра, објавија британските медиуми.
Се шпекулира дека мајката на војводата од Јорк ќе помогне во финансирањето на спогодбата која била договорена меѓу адвокатите на двете страни.
Овој потег се смета за обид да се повлече линија на скандалот пред очекуваните платински јубилејни прослави на кралицата подоцна оваа година. Се верува дека принцот Ендру нема да присуствува на прославата, пренесува Daily Mail.
Овој потег доаѓа само неколку недели откако принцот Ендру вети дека ќе ги оспори тврдењата на Вирџинија Робертс за силување на јавното судење.
Робертс тврдеше дека била принудена да има секс со војводата три пати кога имала 17 години по наредба на починатиот педофил Џефри Епштајн.
Дури минатиот месец таа доби зелено светло да го тужи Ендру пред граѓанскиот суд во Њујорк.
И покрај тоа што вети дека ќе се бори против обвиненијата и постојано кажуваше дека е невин, принцот Ендру вчера се согласи да плати огромна сума пари за да го реши случајот пред да стигне до поротата.
Според некои извештаи, кралицата ќе обезбеди пари за плаќање на спогодбата, пишува британски Телеграф.
Иако договорот за спогодба не содржеше никакво формално признавање на одговорноста од страна на Ендру, ниту извинување, тој вели дека тој сега прифаќа дека Робертс е жртва на злоупотреба и жали за неговата поврзаност со Епштајн.