Крајбрежна стража во Истанбул: Премините се отворени за руски бродови

Сподели со своите пријатели

Турските теснеци се отворени за минување на руските бродови, изјавија за Спутник од Администрацијата за безбедност на крајбрежјето на Истанбул, нагласувајќи дека не добиле поинаква одлука.

Loading...

„Теснеците се отворени. Поинакво решение не добивме“, посочија во Управата.

Руската амбасада во Турција соопшти дека не добила никакво официјално известување од турска страна во врска со затворањето на морето за минување на руски воени бродови.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно на Твитер објави за затворање на морињата во Турција за руските воени бродови.

Сепак, тој во пораката не прецизира дали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја донел таа одлука или не.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу вчера, по повод повикот за затворање на морињата за руските бродови, изјави дека Анкара ќе ги почитува сите точки од Конвенцијата од Монтре и нема да применува двојни стандарди.