Крадец ѝ одржал лекција : Сакал да го украде нејзиниот автомобил, па забележал дете на задното седиште

Сподели со своите пријатели

Жена од Америка се нашла во бизарна ситуација, кога отишла во продавница, заборавила да го заклучи автомобилот во кој се наоѓало нејзиното дете.

Loading...

Крадецот кој го украл автомобилот во саботата во Бивертон видел дете на задното седиште на џипот.  Се вратил до мајката на детето, барал да го извади детето од задното седиште, а потоа избегал, соопшти полицијата.

„Тој всушност и одржа лекција на мајката зошто го оставила детето во автомобилот и се закани дека ќе повика полиција“, изјави полицаец, портпарол на полицијата во Бивертон.

Злосторството се случило во 9:10 часот на паркингот. Мајката се паркирала пред влезната врата од продавницата и влегла внатре да купи млеко и малку месо. Никогаш не била оддалечена повеќе од 15 метри од автомобилот, но направила критична грешка.

Го оставила моторот вклучен и вратата отклучена.

Кога го вратил детето кај неа, крадецот решил да ја заврши својата работа, па заминал во непознат правец.

Leave a Reply