Кожув го совлада Куманово и во домашниот шампионат (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово го забележаа првиот пораз годинава во рамките на деветото коло од домашното кошаркарско првенство, откако вчеравечер на гостински терен го загубија мечот против екипата на Кожув со резултат 80:69.

 

Loading...

 

Уште по завршувањето на првата четвртина со резултат 23:21 за домаќините беше јасно дека ќе следува неизвесен натпревар до самиот финиш. Сепак вторите десет минути на паркетот кумановци покажаа послаба игра, а избраниците на Игор Михајловски го искористија падот во концентрацијата на сино-белите и го полнеа нивниот кош. Полувремето заврши со 10 поени предност за Кожув, што оставаше простор за надеж дека кумановци ќе се вратат во ритам.

 

 

Но, погубната игра на избраниците на Србиновски сепак продолжи и по првиот дел од средбата, а шутот за тројка им одеше од рака на домаќините, па за првите три четвртини реализираа 11 од 18 погодоци за три поени. Како одминуваше играта, домаќините направија недостижен резултат за сино-белите, а особено кога направија водство од 20 поени со кои беше јасно дека составот на Куманово нема шанси за победа. Но, и порај тоа кошаркарите на Србиновски не се предаваа лесно, се трудеа да го намалат водството на домаќинот колку што можат, но сепак гевгеличани испишаа нова победа со ерзултат 80:69.

 

Loading...

 

Во составот на Куманово најдобар беше американскиот плејмејкер Јонел Браун со реализирани 22 поени, а веднаш зад него со по 11 поени на листата најдобри стрелци се запишаа и Данило Мијатовиќ и Миладин Пековиќ, додека пак капитенот Марјан Јанески впиша 10 поени.

 

 

Во составот на домаќините со 23 поени и 15 скока најзаслужен за победата беше Миливоје Мијовиќ, а потоа со 16 Кенјо МекНил и со поен помалку Лери Хол.

 

 

Ова е втора победа на Кожув врз составот на Куманово, откако во четврток гевгеличани триумфираа и во рамките на БИБЛ лигата. Кумановци се уште се трудат да го надминат заминување на Александар Костоски, но и да го вклопат во игра новиот плејмејкер Браун, а ако на сето тоа се додаде и ладната сала во која ги држат тренинзите, исходот од првите два натпревари годинава не е изненадувачки.

 

Loading...

 

Сепак КК Куманово ја продолжува својата битка. Веќе во вторник на гостински терен ќе се обидат да го совладаат Берое од Бугарија, а следниот натпревар во рамките на домашниот шампионат го играат на 28ми месецов кога го пречекуваат составот на АВ Охрид.

 

Loading...

Loading...

Loading...

 

Loading...