Ковид е виновен за зголемувањето на насилството врз жените, според граѓаните на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Повеќето жени во ЕУ ја обвинуваат пандемијата Ковид за зголемување на родовото насилство, според анкетата на Евробарометар, нарачана од Европскиот парламент пред Денот на жената.

Loading...

Истражувањето се заснова на примерок од речиси 27.000 жени на возраст од 15 или повеќе години од сите 27 земји на ЕУ.

Дури 77 отсто од жените веруваат дека пандемијата поттикнала зголемување на физичкото и психичкото насилство врз нив.

 

 

Во некои од земјите тој процент е уште поголем. Вакво мислење имаат девет од десет Португалки и Гркинки.

Две третини од интервјуираните жени веруваат дека еден начин да се реши овој проблем би било да се олесни пријавувањето на родово засновано насилство.

Loading...

Секој трет граѓанин на Европската унија тврди дека пандемијата негативно влијаела на нивната плата.

Европските претставници од Комитетот за родова еднаквост ги коментираа резултатите од анкетата, тврдејќи дека „пандемијата несразмерно ги погоди жените на безброј начини“.