Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, е во работна посета на Брисел, во рамки на која ќе учествува на Самитот Европска Унија-Западен Балкан.
Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски е вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Домаќин на Самитот е претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Покрај премиерот Ковачевски, на Самитот ќе учествуваат лидерите и шефови на Влади и држави на земјите од Западен Балкан, 27-те земји членки на ЕУ, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји, високи претставници на Светска Банка, Европска инвестициска банка (ЕИБ), Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) и Советот за регионална соработка.
Согласно програмата, пред почетокот на Самитот Европска Унија-Западен Балкан, предвидено е премиерот Ковачевски во 16:00 часот да има изјава за медиумите, која може да ја проследите на следните линкови: