Ковачевски ќе одржи средба со Мицкоски

Сподели со своите пријатели

На покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи средба меѓу премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Loading...

Како што информираат од Владата, средбата е закажана за 7 јуни 2023 година (среда) во Клубот на пратеници во 11 часот.

– На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи, стои во соопштението.