Ковачевски и Владата во четврток ќе си поднесат оставка

Сподели со своите пријатели

Премиерот Димитар Ковачевски и неговата влада во четврток во 10 часот наутро ќе поднесат оставка, соопшти самиот тој денеска.

Loading...

Со ова Македонија ќе добие техничка влада, со цел, како што појасни Ковачевски, да има време да се завршат сите процедури за изборите во законски предвидените рокови.

Во четврток оставка ќе поднесе и собранискиот спикер Талат Џафери, кој ќе стане технички премиер на Македонија.

Во петок ќе се одржи собраниска седница на која ќе се избере нов пратеник од ДУИ, а кооринаторот на СДСМ Јован Митрески да се назначи за нов претседател на Собранието.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери

Никола Ивановски