Костовски: Индустриската зона ќе придонесе за раст и развој на Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Атрактивноста на локацијата на индустриската зона „Новине“ во Речица ќе донесе за отворање на нови погони на домашни и странски инвеститори што ќе отвори можност за економски раст и развој на Куманово, но и на целиот Североисточен регион, вели пратеникот и претседател на СДСМ Куманово, Мартин Костовски.

Loading...

Како што нагласи Костовски, СДСМ во континуитет влоожува во развој и унапредување на патната и комуналната инфраструктура  низ целата држава.

– Овде во индустриската зона „Новине“ кај Куманово во тек е инфраструктурно уредување со што веќе се поставени 1.000  метри атмосферска канализација, а следува и асфалтирање на површина од 2.210 квадратни метри. За овој зафат обезбедени се 24 милиони денари од Буџетот на РСМ. Индустриската зона „Новине“ зафаќа површина од  65 хектари и се наоѓа на атрактивна локација , има 51 градежна парцела со различна големина и е уредена за лесна и незагадувачка индустрија, изјави Костовски на денешната прес конференција.

 

 

Според Костовски, како одговорна партија, продолжуваат да работат во интерес на граѓаните и да инвестираат во проекти што носат напредок, економски раст и развој.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply