Костоски: Доколку играм во Македонија, секогаш ќе играм за КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Капитенот на кошаркарскиот клуб Куманово Александар Костоски вчеравечер се прости со публиката во Спортската сала, откако клубот го одведе во победа против екипата на Сигал Приштина.

Костоски веќе од денес ќе настапува во дресот на романскиот клуб Питешти со кој го официјализираше својот договор. Костоски важеше за миленик на публиката во Куманово, кој со срце и душа играше на теренот и секогаш се трудеше да обезбеди што подобар резултат за својот клуб.

Во својата изјава рече дека  кога и да одлучи да игра за македонски клуб тоа ќе биде само Куманово.

Јас после завршеток на секоја сезона кажувам дека клуб што најмногу го сакам во Македонија и каде што секогаш ќе играм доколку играм во Македонија ќе биде тимот на КК Куманово, меѓутоа мислам дека е време да ги пробам моите можности надвор од границата на Македонија и се надевам дека нема ова да биде последен меч во дресот на Куманово. Сакам да се заблагодарам на сите оние кои ми пружија поддршка овде во Куманово, пред се на градоначалникот Зоран Дамјановски, целата управа, стручниот штаб, моите соиграчи и бивши тренери и бивши соиграчи што беа тука, да се заблагодарам на оваа прекрасна публика која што секогаш не бодреше и во добри и во лоши моменти, да се заблагодарам на моето семејство, на моите родители и да се заблагодарам на личноста која што беше со мене цело време, која што многу ја сакам и која се надевам дека ќе остане со мене и покрај се, а тоа е мојата девојка Анастасија и сакам да и кажам дека многу ја сакам – рече Костоски.

Женскиот дел од публиката од салата излезе со насолзени очи, а Костоски долго позираше со сите свои фанови по натпреварот.