КОСТАРИКА: Рибари спасени по три недели на море

Сподели со своите пријатели

Туристички брод спасил двајца рибари од Костарика кои ри недели плутале по Карипското море.

Loading...

РИбарите ги спасил крузерот „Царица на морето“ во петок навечер помеѓу островите Гранд Кајман и Јамајка, пренесува АП.

Туристичката компанија која го користи бродот за крстарење соопштила дека тој сосема случајно се нашол на локацијата на рибарите, бидејќи поради лошото време користел алтернативна рута.

Рибарите на 1ви декември тргнале од Порто Лимон во Костарика, а останале заробени на морето откако заспале и останале без гориво при враќањето во пристаништето.

На двајцата на бродот им била пружена медицинска нега.

Leave a Reply