Косовските медиуми тврдат дека членовите на групата се убиени по предавањето

Сподели со своите пријатели

Под наслов ”Судската медицина и обвинителство да покажат како се убиени деветте лица во Куманово”, косовскиот портал Бота Сот денес објави текст во кој тврди дека повеќето онлајн медиуми во неделата повикувајќи се на извори, по извршената обдукција на деветте тела на членови од кумановската група објавиле вест дека тие биле егзекутирани откако биле заробени.

Loading...

Во прилог на изнесените тврдења, порталот објави и слика со заокружени имиња на лица за кои македонските власти потврдија дека се убиени за време на акцијата. Тука се имињата на Бег Ризај, Мирсад Ндрецај, Самит Кастриоти и Арбен Реџај.

Фото: Погреб на Бег Ризај во Дечани, Косово

Во меѓувреме, директорот на Институтот за судска медицина во Косово, Арсим Герџалиу, ги негирал овие шпекулации на својот Фејсбук профил, со образложение дека се работи за шпекулации.

“Шестмина патолози заедно со судска медицина на Косовската полиција спроведоа обдукции на девет луѓе кои загинаа во Куманово. Нашата работа ја завршивме врз основа на професионални оперативни стандарди, и по изготвувањето на извештај, истиот го доставивме до Јавниот обвинител на Р. Косово. Согласно етиката на работа, нема да дадам останати коментари, пишува Герџалиу.

Како што наведува Бота Сот, косовските институции се обврзани со закон да ја кажат правата вистина за тоа како се убиени овие луѓе. За нивните семејства, како што се вели во текстот, траумите ќе бидат помали ако знаат дали нивните членови се убиени за време на акцијата или по заробувањето.

Loading...


Leave a Reply