Триесет и шестгодишен косовски државјанин бил приведен на влезот на Куманово утринава под сомнение дека пренесува брендирана облека без документација.
– На 15.05.2025 околу 04.10 часот на автопатот Куманово-Скопје, во близина на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ запреле и извршиле контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од турски државјанин, а кој сообраќал на релација Турција – Бугарија – Македонија – Косово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, при прегледот на патниците, кај М.Ш.(36) од Косово биле пронајдени повеќе парчиња разновидна облека од познати трговски марки за кои не поседувал документација.
– Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски