Косовец баран од Интерпол приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Државјанин на Косово по кој имало распишана меѓународна потерница од Интерпол, вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 02.03.2022 во 11.40 часот на Граничниот премин Табановце, при извршена пасошка контрола на B.X.(36) од Косово, било констатирано дека евидирал на стоп-листа и бил предмет на потрага, а Интерпол има распишано меѓународна потерница, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски