КОШМАР: Го каснала змија додека седел на ВЦ школката (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сирафоп Масукарат е 18-годишно момче од Тајланд, кој заврши во медиумите затоа што му се оствари најлошиот кошмар.

Loading...

Во вторникот вечерта, тој седнал на тоалетот, со мобилен телефон во раката, а потоа почувствувал продорна болка во пенисот.

Кога погледнал што се случува, видел дека во школката има змија која ги потопила забите во врвот на неговите гениталии. Откако го пуштила, почнала да тече крв, а преплашениот Сирафоп почнал да вреска и истрчал од тоалетот, пишува Мирор.

Мајката успеала да го смири младиот човек и повикала брза помош, а по пристигнувањето во болницата добил три конци на главата на пенисот. Тој примил само антибиотска терапија против каснување затоа што змијата за среќа не била отровна.

Наскоро до медиумите пристигнала снимката од лицето кое дошло да ја отстрани змијата, а околу тоалетот и станот биле снимани крвави сцени.

Змијата сè уште била во школката, а се покажало дека е питон долг четири метри. Змијата на крајот била пуштена во шумата.

Подолу може да погледнете видео, но предупредуваме дека е ВОЗНЕМИРУВАЧКО.

 

Loading...

 

Leave a Reply