Кошаркарите на Куманово во старата сала против составот на Пеќ (фото)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово во среда се враќаат во градската спортска сала, откако минатата недела поради оштетување на паркетот натпреварот против Фени Индустри го играа во салата на СОУ „Перо Наков“.

 

Loading...

 

Дел од кошаркарите на Србиновски со повреди настапуваа во рамките на Супер купот на Македонија каде во четвртфиналето беа поразени од составот на Работнички.

Таму одевме генерално со неколку повредени играчи, но тоа не треба да биде некое оправдување за овој натпревар кој го изгубивме од Работнички, дефинитивно не надиграа во некои ситуации, посебно во првата четвртина направија некоја предност и подоцна игравме, игравме и на крајот стигнавме на некои четири поени разлика и повторно на некои наши грешки во одбраната направија некоја разлика и на крајот не успеавме да ги стигнеме – изјави Данило Мијатовиќ, кошаркар на КК Куманово.

Но, повредите кај дел од кошаркарите се уште се мака за составување на тимот со кој тренерот Србиновски ќе оди против екипата на Пеќ од Косово на мечот закажан за во среда.

Да ви кажам искрено не знам во кој состав ќе настапиме, првата четвртина видовте во Кавадарци со Работнички, Живановиќ се повреди, направи некоја терапија ќе видиме во каква можност ќе биде за овој натпревар, Караџовски мислам дека е во полоша ситуација од него, значи тој е тотално неизвесен и пред купот тренираше со намален интензитет, пак се случи некоја мала повреда при крајот на натпреварот видовте, моментално е на терапија и ќе видиме. Исто Јанески го мачи коленото подолг период, но што е тука е, во кој состав ќе настапиме во среда очекувам да дадеме максимум и секако сакам да победиме – изјави Србиновски.

 

И Србиновски и Мијатовиќ се сложија дека се пред многу важен, но и тежок натпревар на кој доколку остварат победа во полуфаналето од БИБЛ лигата влегуваат како првопласирани од табелата во Д групата.

БИБЛ лигата имаме добра шанса со победа во среда да останеме на прво место и со директен пласман во БИБЛ  би бил одличен резултат за нас оваа година. Не очекува доста тежок натпревар со оглед дека се работи за доста добра екипа. Екипата на Пеќ е составена од нашиот Тодоров, доста добри играчи, играме на домашен терен секако дека имаме наши предности што ќе пробаме да ги сикористиме – вели Србиновски.

Многу важен натпревар за нас, генерално затоа што со ова победа веројатно би завршиле на тоа прво место и директен пласман во полуфинале што за нас и беше целта за оваа сезона и што генерално би бил добар успех за клубот, градот и сите нас. Имаме малку проблеми со некои ситни повреди што се случија на купот, со Јанески, Караџовски и Живановиќ, но мислам дека постојат шанси да настапиме во целосен состав затоа што овој натпревар ни е многу важен – додава Мијатовиќ.

Натпреварот против Пеќ ќе се одигра во среда со почеток во 19 часот, а сите љубители на кошарката се добредојдени од трибините да го проследат мечот и да дадат поддршка за нова победа на Куманово.