Кошаркарите на Куманово утревечер во рамките на 18.коло од домашниот шампионат го пречекуваат составот на Кожув од Гевгелија.
Напреварот ќе се одигра во Спортската сала Куманово, а токму составот на тренерот Александар Петровиќ е фаворит на мечот. Се очекува „сино-белите“ да продолжат по победничката патека, откако изминатиот викенд го совладаа составот на Фени Индустри на гостински терен.
Од управата на клубот ја повикаа публиката да дојде и во што поголем број да даде поддршка на домашните кошаркари кои се борат за влегување во плеј-офот од сезоната.