Кошаркарите на Куманово утре во рамките на 6то коло од домашниот шампионат гостуваат во Битола каде ќе атакуваат на победа врз составот на Пелистер.
Израбниците на тренерот Александар Петрковиќ влегуваат како фаворити во мечот, а со победата Куманово би излегло од црниот биланс на два последователни порази од Работнички и Кожув.
Моментално КК Куманово се наоѓа на 5та позиција со ист број поени како Фени Индустри и Работнички кои се на второто, односно третото место. Меѓутоа, минатогодишниот шампион има одиграно и еден натпревар помалку.
Мечот Куманово – Пелистер утре се игра со почеток во 13:00 часот.