Во 19. коло од домашниот кошаркарски шампионат, КК Куманово утре гостува кај составот на Пелситер во Битола, каде се очекува да ја продолжи својата победничка низа.
По победите против Фени Индустри и Кожув, избраниците на Александар Петровиќ продолжуваат да бркаат победи и бодови за пласман помеѓу елитата, односно влез во плеј-оф завршницата од сезоната.
Засега „сино-белите“ се наоѓаат на 4 позиција, веднаш зад МЗТ Скопје кои им бегаат со еден поен.
Уште три натпревари остануваат до крајот на регуларниот дел од сезоната, по што започнува борбата за титула.