Кошаркарите на Куманово утре ќе ги одмерат силите со АВ Охрид во рамките на 3. коло од домашната кошаркарска Прва лига.
По две победи против Вардар и Гостивар, избраниците на тренерот Александар Петровиќ утре ќе атакуваат на уште една победа на гостински терен во мечот кој започнува во 17:30 часот.
Куманово моментално е на втората позиција во табелата со ист број бодови како Блокотехна и Работнички.