Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат Вардар

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре го стартуваат вториот дел од сезоната во домашниот шампионат, каде во рамките на 12. коло го пречекуваат составот на Вардар.

Loading...

Тренерот Александар Петровиќ на располагање во овој дел од сезоната ќе го има и младиот репрезентативец Леонид Тодоровски кој доаѓа како позајмица од МЗТ Скопје.

За да добие поголема минутажа Тодоровски ќе игра во Куманово, по што ќе се врати во матичниот клуб со кој има договор до 2020. година.

Но промени ќе има и во составот на Вардар, против кого играат сино белите утре. Таму нови имиња се Славчо Темелковски од Работнички, Андреј Цветковски кој настапуваше за Куманово и Блокотехна и амерканскиот Плејмејкер Ник Тарнер.

Куманово моментално се наоѓа 7. позиција во табелата со по 5 победи и порази, додека Вардар со осум порази е на две позиции подолу.

Мечот започнува во 18 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Leave a Reply