Кошаркарите на Куманово бележат победа од составот на Пелистер, во рамките на пријателскиот натпревар кој вчера се одигра во спортската сала „Боро Чулевски“ во Битола.
Со резултат 79:76 избраниците на тренерот Предраг Сазовски беа поуспешни од кумановци.
И Сазовски, но и кумановскиот тренер Александар Петровиќ подеднакво им дадоа шанса на сите ракометари во ростерите со цел разигрување на екипите пред стартот на сезоната кој е закажан за првиот викенд од октомври.
Претходно кумановци одиграа два пријателски натпревари со екипи од Србија, каде забележаа победи.