Кошаркарите на Куманово вчера остварија средба со градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, откако и официјално ја завршија натпреварувачката сезона.
Loading...
Со скромни средства и лимитиран буџет, без преголема поддршка од бизнис заедницата, КК Куманово сезонава ја заврши на 6та позиција и не успеа да се пласира во трката за пехарот меѓу четирите најдобри.
Сепак за разлика од претходните сезони, младинските категории имаа значителен успех, а како што велат надлежните вложувањата во младите таленти од градот ќе продолжи и во следните сезони.